Урсула фон дер Лајен поенти од говорот. Што не ни е јасно?

Претседателкана на Европската комисија денеска во својот говор пред Парламентот на Македонија имаше прилично јасни поенти:

1. Нема сомнение дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа. Затоа во ревидираниот француски предлог стои: „Ваш јазик, без никакви додавки!“. 2. Вашиот национален идентитет е почитуван. Можете да сметате на мене, процесот на пристапни преговори строго ќе ги почитува европските принципи и стандарди. Но, добрососедските односи се ДНК на европската интеграција. Сепак, прашањата за историјата не се услов во преговорите“, кажа Фон дер Лајен и пак стана пола сала, а опозицијата довикуваше.

Значи јазикот не е спорен!

Значи идентитетот не е спорен!

Значи историјата не е услов за преговорите!

Тогаш што е проблемот знае некој да објасни од оние што се брукаат со свиркање и транспаренти? Или ако имаат подобра варијанта, што знам, ЕВРОАЗИЈА; АФРИКА; ОКЕАНИЈА и ПАЦИФИК нека ни кажат…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.