Уставниот суд пресече: Граѓаните после 10 години може да побараат застарување на долгот

Уставниот суд на денешната седница пресече и им ја прекина голготата на илјадници семејства што моментално се дадени на извршител. Имено денеска судот одлучи да не ги прифати иницијативите да се поништат измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето од јули минатата година.

Клучните предизвици со кои ќе се соочи Руте во НАТО
Поранешниот холански премие Марк Руте ќе ја преземе во вторник функцијата нов генерален секретар на НАТО во опасен момент за западната воена алијанса. НАТО се бори со големи предизвици – со руската војна во …
Апаcиев: Дафинчето „мало неpвозна“ кога ѝ се cпомнаа шеcте cтана – „Кажи му на твојот лидеp алкоxоличаp да не те с’ска„
Вистинска драма се случуваше на комисиската расправа за втор заменик диектор на Царина во македонското собрание. Откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев ѝ ги спомна шесте стана на пратеничката Дафина Стојаноска, таа избувна. Следеше …

„Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањето од причина што смета дека двата закона се во согласност со Уставот. Ова значи дека не се прифатени наводите на подносителите од 15 иницијативи, кои за овој предмет беа поднесени до судот. Остануваат во правниот промет сите членови од измените на Законот за облигационите односи, како што е членот 1, кој дефинира дека износот на достасаната, неисплатена казнена камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главниниот долг. Според Уставниот суд, неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека се повредува правото на сопственост на доверителите со тоа што законодавецот, односно Собранието, предвидело да се ограничи висината на казнената камата кога ќе го достигне износот на главниот долг. Судот смета дека оспорениот член 4 од Законот за облигациони односи нема повратно дејство, односно ретроактивност бидејќи се однесува на постапки кои се уште траат, не се завршени, а не и на оние постапки кои пред влегувањето во сила на законот завршиле. Судот оцени и дека не е повреден принципот на поделба на власта, како што се тврди во иницијативите. Според Уставниот суд, неприфатливо е тврдењето во иницијативите дека должникот е доведен во попривилегирана положба во однос на доверителот, бидејќи членот 1 не дефинира за кого се однесува, туку напротив јасно и прецизно произлегува дека се однесува на сите субјекти на пазарот подеднакво“, соопшти Уставниот суд попладнево.

Иако измените на законите беа донесени во јули минатата година и граѓаните што имаа блокирани сметки од извршители повеќе од 10 години можеа да побараат деблокирање, извршителите не постапуваа по нивните барања. Во изминатите пет месеци имаше и граѓани што извршителите ги препраќаа во судовите за бришење на застарените долгови или деблокирање на сметките, па многумина почна и такви постапки, но и судиите не постапуваа по измените.

Денешната одлука на Уставниот суд само ги потврди измените изгласани во јули минатата година, па граѓаните што имаат блокирани сметки од извршители повеќе од 10 години може да побараат деблокирање, да побараат застарување на долгот или доколку не им поминале 10 години од извршителското решение, да побараат намалување на каматите, кои не смее да бидат поголеми од основниот долг, а извршителите и судиите мора да постапуваат по измените изгласани во јули минаата година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.