„Досега имаше неформални координации, што јас ги нареков консултации низ ходници, во Собранието, на различни средби итн. Сметам дека оваа година веќе треба да се почне со формален сет на консултации и јавни дебати. Јавни дебати во коишто ќе бидат вклучени и политичарите, ќе бидат вклучени и невладините организации, експертите, новинарите, јавноста, за да разговараме кои се аргументите контра и про уставни измени“, рече Османи.
Тој оцени дека треба да се направи разграничување помеѓу суштината на проблемот – а тоа е дали уставните измените се проблематични – и партиско-политичкиот интерес околу уставните измени.
„Засега тие се измешани и не може да се направи разграничување, каде е интересот на државата, а каде е партискиот интерес и тоа ги буни луѓето, бидејќи не знаат дали став на одреден политичар е заради тоа што сака избори и сака да биде на власт или заради тоа што уставните измени се ризични по државата и по народот. Важно е да направиме разграничување каде почнува партискиот интерес, а каде завршува интересот на државата“, нагласи Османи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.