Изборите за претседател во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи. Ќе бидат присутни и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.
Најголем број домашни набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.
Најголем број странски набљудувачи, пак, има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ , Делегација на ПС на СЕ.
Свои набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји во Македонија, меѓу кои амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија.