Утре на пладне протест на Србите во Косовска Митровица

Утре во 12 часот во Косовска Митровица Србите ќе се одржат мирен протест. Причина за протестот е воведувањето такси за производи од централна Србија од страна на Приштина, за што одлучи Кризниот штаб на четирите општини од северот на Косово и Метохија. Потпретседателот на Српската листа Игор Симиќ изјави за новинарите дека утре во четирите општини – Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Косовска Митровица ќе се одржат вонредни седници на општинското собрание, на кои ќе се разговара за политичката и безбедносната ситуација на северот на КиМ.
-Натамошните мерки на Кризниот штаб ќе зависат од тоа како ќе се снабдуваат болниците, студентскиот центар и другите институции во Косово и Метохија- рече Симиќ.
Тој ги повика граѓаните на утрешниот мирен протест и им порача да не наседнуваат на никакви провокации. За цело време додека траеше состанокот на Кризниот штаб пред просториите на Канцеларијата за Косово и Метохија беа присутни припадниците на КФОР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.