Македонците споениот викенд по повод денешниот празник „Св. Кирил и Методиј“ го искористија за одмор во соседна Грција.
Во моментов на граничниот премин „Богородица“ на македонска страна има голема колона на возила кои чекаат влез во Грција.
Според информациите на КУРИР на македонската граница се чека дури и по 40, па се до 50-тина минути, што е неполн час.
Најголемиот број на возила се со македонски регистарски таблички, додека има и патници од другите соседни земји.