Утрово најстудено во Лазарополе

Со минус 10 степени Лазарополе утрово беше најстудено место во Македонија. Следуваа Маврово со минус 8, Скопје-Петровец и Крушево минус 7, Тетово, Претор, Битола и Прилеп минус 6, Крива Паланка и Охрид минус 5,  Скопје-Зајчев Рид и Берово минус 4, Струмица, Демир Капија, Виница и Куманово минус 2, во Штип беа измерени 0 степени, а во Гевгелија и Дојран плус 4.
Снег има во Маврови Анови 14 сантиметри, Попова Шапка и Крушево 13, Тополчани 8 и Лазарополе 7 сантиметри.
Утрово времето е ведро со слаб, а во источните делови умерен северен ветер, а во текот на денот се очекува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 2 до 10 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.