УТРОВО СНЕГОТ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ВРНЕ: Особено на ова место буквално сè е бело, има над 26 сантиметри снег

Утрово речиси снег врне на сите повисоки места во земјава.

Меѓу нив се и ски центарот Попова Шапка, Пониква, Маврово, Нижополе на Пелистер и Копанки.

До 7 часот утрово снежната покривка на Попова Шапка достигна 26 сантиметри, каде е и најстудено со измерени -3 степени Целзиусови.
Според УХМР снег ќе имаме во текот на целиот ден, а и викендов, додека дожд не очекува на пониските места во земјава.

Метеоролозите најавуваат снегот и дождот да не дружат до средината на следната недела.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.