Времето во земјава ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб снег.
Попладне долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер, кој во текот на ноќта ќе се прошири насекаде.
Дневната температура ќе се движи од 9 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно, а попладне со засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Утре ќе преовладува облачно време, студено и ветровито со засилен северен ветер. Потоа следува период на стабилно време. Најсончево ќе биде во вторник, а од среда ќе има умерено наоблачување и услови за магла по котлините.