УХМР ПОВТОРНО ПРЕДУПРЕДУВА- попладне останете дома, невреме доаѓа во Македонија!

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со поинтензивен пороен дожд и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.


Според УХМР, и утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 22 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.


Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 18, а дневната ќе достигне 29 степени.
Од понеделник ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.