Уште двајца патници од “автобусот на смртта“ се во тешка состојба

Двајца од тешко повредените патници во сообраќајната несреќа, што се случи на 13 февруари кај село Ласкарце и во која загинаа 15 лица, сеуште во тешка здравствена состојба.
Едниот е сместен на одделот за хируршка-интензивна нега во ГОБ “8 Септември”, а другиот на КАРИЛ во Клиничкиот центар “Мајка Тереза“, соопшти Министерството за здравство.
Останатите седум пациенти кои се лекуваат во ГОБ “8 Септември” се во добра општа состојба, на КАРИЛ има уште двајца од повредените кои се во стабилна состојба, а на Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка, која во моментов, исто така, е во стабилна состојба.
Еден од повредените пациенти е на Клиника за трауматологија и тој во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.