Уште две безживотни тела пронајдени по експлозијата во фабриката за пиротехника во Бугарија

Две изгорени тела се пронајдени во просториите на магацините во фабриката во Елин пелин, каде во четвртокот вечерта се случија експлозии на пиротехнички средства.

Денеска после 10:30 чсот истражители од Националната истражна служба и единици на МВР влегле во областа на магацините и почнаа увид. Биле пронајдени тела на двајца мажи, за кои се знаело дека биле во магацините за време на експлозијата.

Станува збор за 20-годишник, наводно син на сопственикот, како и 60-годишен маж. Се очекуваат денеска да бидат идентификувани.

Со тоа бројката на жртви во експлозијата на фабриката се искачи на шест, откако претходно беше објавено дека загинаа четири лица.

Пронајдете не на следниве мрежи: