Уште денес може да се поднесе барање за амнестија

Денес е последен ден за поднесување барања за амнестија за настаните во Собранието од 27 април 2017. година, а до вчера до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 38 барања за амнестија. Како што пишуваат дел од медиумите  барања поднеле пратениците Крсто Мукоски, Љупчо Димовски и Јохан Тарчуловски, како и Александар Василевски Нинџа, Никола Митревски Кољо, Горан Ангелов – Ќосето, Иван Цветановски, Горан Ѓошевски Леви и Митко Пешов, браќата Михаил и Стефан Младеновски, Абдулфета Алими и Захарие Симовски. Според пишувањата на дел од медиумите барања за амнестија поднеле и режисерот Борис Дамовски, еден од тројцата водачи на протестите „За заедничка Македонија“ и оперскиот пејач Игор Дурловски.
Јане Ченто и Игор Југ, кои се меѓу 33-та обвинети на последното рочиште веќе се изјаснија дека нема да бараат милост, туку правда.
Можност за поднесување барање за амнестија имаат и веќе осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, како и за нападот на министерката Радмила Шеќеринска. Адвокатите на Панче Ангелов, кој е осуден на четири години затвор за делото „насилство“ врз Шекеринска и на Никола Војминовски осуден на 13 ипол години затвор за обид за убиство врз Зијадин Села, потврдија дека поднеле барање за амнестија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.