Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Штип меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки.
Вчера во 15.35 часот на магистралниот пат Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода меѓу товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(52) од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(57) од Скопје. Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот, нформираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.