Светски познатата актерка и пејачка Џенифер Лопез уште еднаш го покажа својот сексапил и телесната форма која ја има на 50 години.
За сите кои не знаат колку добро изгледа Џеј Ло, а се верува дека не постојат такви, музичката ѕвезда одново и одново воодушевува со своите објави. Овој пат, таа позирала пред своите 115 милиони следбеници на Инстаграм во бел костим за капење.
Најпрво се снимала од никогаш поблизок агол, ставајќи акцент на своето тело, а потоа го снимила и совршеното лице. Пејачката имала собрана коса, едвај малку шминка, блескав тен, а за брчките да не зборуваме – нема ниту една.
“Засекогаш млада, боженствена и секогаш најпопуларна”, “Кралица која ги промени стандардите за сите жени ширум светот”, “Престани! Не можам”, “Сјаеш!”, се само дел од коментарите под видеото.