– Глобалните цени на храната се намалија на речиси тригодишен минимум во декември 2023 година, предводени од значителниот пад на цените на шеќерот, растителните масла и месото, објави денес Организацијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (ФАО).
Индексот на цените на храната на ФАО во декември 2023 година падна за 1,5 отсто во однос на претходниот месец, на 118,5 поени, што е најниското ниво од февруари 2021 година.
За 2023 година како целина, индексот забележа 124 поени, што е 19,7 поени или 13,7 отсто пониско од просечната вредност во 2022 година, се вели во извештајот на Агенцијата за храна на ОН.
Индексот на цените на храната на ФАО е индекс пондериран според трговијата, а ги следи меѓународните пазарни цени на пет главни групи прехранбени производи.
Индексот на цените на шеќерот падна за 16,6 отсто во декември 2023 година во однос на претходниот месец, главно поради силното темпо на производство во Бразил, поттикнато од поволните временски услови.
Индексот на цените на растителното масло се намали за 1,4 отсто од ноември 2021 година, бидејќи цените на палминото, соиното, маслото од репка и сончоглед се намалија поради намалените набавки од големите увозници.
Индексот на цените на месото на ФАО падна за 1 отсто во истиот период, воден од постојаната слаба побарувачка за увоз од Азија за свинско месо.
Индексот на цените на житарките, од друга страна, се зголеми за 1,5 отсто во однос на претходниот месец, поради нарушувањата поврзани со временските услови кај некои големи извозници и тензиите во Црното Море.
Индексот на цените на млечните производи, исто така, се зголеми за 1,6 отсто во декември 2023 година, благодарение на повисоките цени на путерот, полномасното млеко во прав и сирењето.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.