Две лица се уапсени поради сомневање дека пред дваесетина дена ја запалија кафеаната „Мечка“ во скопско Дебар Маало. Против нив е поднесена кривична пријава за тешки дела против општата сигурност. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата утврдила оти осомничените најпрво набавиле едно шише запалива течност.
„Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Со тоа предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот“, соопшти ОЈО, од каде побарале притвор врз осомничените ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на страв од бегство и на страв дека осомничените можат да ги сокријат трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.