Фатен крадец, оперирал низ Скопје

Одделенијата за имотни деликти и малолетничка деликвенција Карпош и Ѓорче Петров во текот на изминатите денови расчистија четири кражби извршени од Б.Ј.(43) од Скопје. Делата се извршени на 31.01. и 01.02. оваа година.
Првата кражба била извршена во автобус на ЈСП број 22 кога од оштетената бил одземен паричник во кој имало 7.000 денари и разни документи. Второто дело е извршено во месара на Зелено пазарче кога од оштетениот бил одземен паричник во кој имало околу 40.000 денари.


Третиот случај бил при качување во приватен автобус број 22 кога од оштетениот бил одземен мобилен телефон и последниот случај е, исто така, при качување во автобус број 7, при што бил одземен паричник со разни документи, банкарски картици и друго. По целосно документирање на настаните, против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.