„Лидерот на Алијанса на Албанците отворено го негира македонскиот идентитет и не ги признава македонското знаме и химна и истите планира да ги смени. Зијадин Села од позиција на влада сите Македонци во Струга сака да ги избрка од работа и да ги прогласи за технолошки вишок“ беше ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со политичкото делување на Зијадин Села во Март 2017 година.
Партијата тогаш директно го обвинуваше Заев дека со тоа што не се спротиставува, практично ги поддржува идеите на Села за федерализација на Македонија. Како причина за федерализација Зијадин Села наведуваше дека Македонија се уште не е бинационална држава каква тој посакаува и од тие причини мора да се подели и стане – федерација.
Година дена претходно Села на протести во Скопје побара бинационална држава и целосна двојазичност. Едно од суштинските барања му беше ослободување на убијците на момчињата егзекутирани кај Смилковското езеро.
Одеднаш за Мицкоски оваа антимакедонска реторика стана неважна кога станува збор за голата битка за зачувување на функцијата , бидејќи единствената допирна точка која што ја имаат тој и Села е интересот да го свртат вниманието од изборниот пораз кој го доживеаја.
Дали новата коалиција ќе ги подели парите што Села ги бара од осудените за 27ми април
На 27 април 2017 година Мицкоски и Села веќе беа заедно, но за волја на вистината Мицкоски кратко се појави пред зградата на собранието, а Села беше внатре на седницата за избор на нов собраниски спикер и ново мнозинство.
Во февруари 2018 година на главната расправа воосновниот суд Скопје 1, Абедин Абдули, адвокат на пратеникот Зијадин Села, во процесот против Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра, рече дека неговиот клиент побарува 500.000 евра. Адвокатот објасни дека бараната сума е за материјалните трошоци за лекување, а нематеријалните за претрпената физичка и душевна болка и повреда на личниот интегритет.
Од друга страна , барем декларативно Мицкоски се изјаснуваше во одбрана на уставобранителите, како што ги нарекуваше учесниците на настаните од 27 април.
Мицкоски ги пушти по “вода” уставобранителите
Зијадин Села во септември 2019 година изјави дека би коалицирал со Мицкоски само доколку се извини или огради од 27 април.
Денес на новинарско прашање дали му се извинил на господинот Села за 27 април, Христијан Мицкоски одговори:
– Жалам за тоа што се случи на тој ден и сето тоа низ што помина господинот Села, тоа никогаш несмее да се повтори.
Ова е втор потег со кој директно се удира по уставобранителите, првиот беше коалицијата на Мицкоски со Воислав Зафировски кој бараше најстроги казни за 27 април. Какви реакции ќе предизвика ова кај уставобранителите, нивните семејства и членовите на ВМРО-ДПМНЕ останува да видиме.
Целиот текст на МЕДИА.МК
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.