Истанбулскиот гигант Фенербахче не го пријави македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски за пролетните елиминации во Лига Европа, па пет дена пред крајот на преодниот рок останува да виси иднината на нашиот репрезентативец.
Уште од почеток на новата 2023 година, од Турција доаѓаат најави дека Фенербахче ќе ја раскине соработката со Алиоски, кој летоска дојде на едногодишен заем од саудиски Ал Ахли, но официјално такво нешто не се случи до денеска.
Но, Жорге Жесус не смета на Алиоски за Европа и на негово место го пријави новото засилување на левата бековска позиција Жајден Остерволд, па Алиоски ако остане во Фенер ќе може да игра само во домашните натпреварувања, но не е константно дел од тимот.