Фетаи се огласи за „Рекет“: Постапката ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство кое е надлежно и не сакам да се мешам.
Ова го изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи денеска пред почетокот на рочиштето за предметот „Титаник 3“ и додаде дека обвинителите од СЈО продолжуваат со својата работа.
-Еве денеска сме на судењето за „Титаник 3“, рече Фетаи.


Инаку, претходно, специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, не сакаше да ги коментира наводите на Фатиме Фетаи за тензичните случувања во СЈО.
Според информациите, обвинителката Фетаи жестоко се спротивставила на одлуката на својата шефица за претрес при влез и излез од работното место, поради што плукнала во една од надзорните камери во СЈО.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.