Водителката Лила Филиповска чие име се спомнува околу наводна измама со една градежна фирма, демантира дека учествувала во измама. Вели дека ги вратила парите за кои ја обвинуваат, додавајќи дека некој сака да згази по нејзината чест и углед.
Од градежната фирма „Дан-Мак“, обвинуваат дека им биле земени 250.000 евра за наводно учество во ЕУ проекти за изградба на домови на стари лица, објави „Фокус“.
Порталот МКД.мк објави изјави од наводно измамената Ена Норнилд, косопственичка на градежната компанија, која посочува дека пред две години поднела кривична пријава против Бојан Јовановски и Филиповска, а која според неа, била заборавена во некоја обвинителска фиока.
Лила Филиповска за „Фокус“ појаснува дека изминатиот период се води хајка против неа, со што и е нанесена огромна штета, поради валкање на нејзиното име и чест.
-Ноторна лага е тоа што го кажува госпоѓата, чие име и не сакам да го изговорам. Оваа хајка против мене трае веќе подолг период, со објавување на неточни и половични информации. Вистината е дека парите се вратени, за што доказ се и уплатниците кои ви ги доставивме. Во моментот се води граѓанска постапка, која е при крај, а која не треба да биде во интерес на јавноста, но очигледно е дека намерата е да се згази по мојата чест и углед, вели Филиповска.
И нејзиниот адвокат, Валентин Пепељугоски, вели дека парите се целосно вратени.
Извор:МКД.мк
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.