Филипче: Во рекордно време ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните – Ќе видиме какви „дилови“ се кријат

Во рекордно време, ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери довербата која им ја дадоа. Надежта никогаш пократко не траела, напиша на Фејсбук пратеникот и кандидат за лидер на СДСМ, Венко Филипче.

– Кампањата против ДУИ се претвори во дилови за гласање. Која е цената допрва ќе видиме.

Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта.

Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие.

Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катаастрофа. – напиша Филипче на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.