Филипче: Главно жариште на КОРОНА ВИРУСОТ сега е Скопје
Филипќе на денешната прес конференција потенцирате дека посебно опасно е во Чаир, каде што има најголем број потврдени случаи и каде што епидемиолозите се соочуваат со проблеми при обезбедување контакти и давање вистинити податоци.
По напорите за тестирање и изолација на контактите, воочено е смирување на ситуацијата со вирусот во Штип и во Тетово. Останува како сериозен проблем Скопје, односно Чаир, каде што има најголем број потврдени случаи.
За состојбата по општини прочитајте тука:
Чаир и натаму со најголем број заболени, еве каква е состојбата во останатите скопски општини
„Пред нас е уште долга битка со вирусот. Очигледно е тука и ние ќе мораме да научиме соодветно да живееме. Мора да се почитуваат и здравствените работници и да се кажуваат вистински податоци. Заради случаи на недавање вистински информации сега уимаме случаи на здравствени работници кои се во самоизолација. Животот мора да продолжи. Не можеме да останеме затворени и цело време да живееме со рестрикции“ – рече денеска на прес конференцијата Филипче што може да се смета и како своевидна увертира во избори.
Детален прегледа на состојбата со КОРОНАВИРУСОТ подолу:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.