Нема потреба од нови рестриктивни мерки во однос на оние што ги предложи Комисијата за заразни болести минатата недела повеќе од четири лица по 22 часот, да нема собири со повеќе од четири лица во домашни услови и препорака за носење на маска на отворено. Засега и овие мерки не беа усвоени од страна на владата, бидејќи треба да има законски измени.
Во делот на здравствените капацитети министерот за здравство е убеден дека доколку нема простор во двете ковид болници во Скопје и во болниците во внатрешноста возрасни пациенти ќе бидат хоспитализирани и во детската болница Козле.
Филипче прашан дали можеби фондот за здравство ќе ги рефундира трошоците доколку нема место во јавно здравство и пациентите одат во приватните. Филипче со одговор место во јавно здравство ќе има.
За еден недела бројот на нови случаи се зголемил за 86,5 проценти. Регистрирани се 2.243 позитивни случаи за една недела во 33 градови, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 – 19,6% 20-29 18,5% , 50-59 15,3% над 60 18,1%.