Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности, истакна во објава на Фејсбук рано утрово претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
– Загрижен сум и категорично се спротивставувам на идејата за формирање на паралелна нова Академија за науки и уметности. Преседан е создавање на “етнички чисти” институции, а оваа иста идеја недвосмислено беше и претходно отфрлена од актуелните академици.
СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството.
Жалам што оваа идеја ВМРО-ДПМНЕ ја одмолчува, а со тоа и ја одобрува. СДСМ со сите расположливи механизми ќе се спротистави во општините кои треба да го финансираат овој проект. – напиша лидерот на СДСМ на Фејсбук.