Филипче: Луѓето без потреба купуваат лекови и формираат домашни аптеки

Министерот за здравство Венко Филипче, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека луѓето без потреба купуваат лекови и формираат домашни аптеки. Министерот исткна дека е стар проблемот со препишување на антибиотици, но дека во овој период дека се испитува каде има повеќе препишување на антибиотици, по што здравствениот систем ќе реагира.
„Таму каде приметивме дека имаме поголемо препишување антибиотици, веќе правиме анализа и испитување кој лекар на кој пациент препишал антибиотик. Можеме тоа да го следиме електронски, со тоа што потоа ќе донесеме заклучоци, да дадеме некои укажувања. Мора да бидеме искрени дека со години наназад имаме тенденција, особено во овој период, кога се уште имаше квоти во аптеките, на формирање на домашни аптеки. Откако се укинаа квотите, реализација на процентите, ете на пример во Струга се намали за 30%. Може да замислите колку луѓето биле во паника. Тоа е целта зошто испитуваме“, рече Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.