ФИЛИПЧЕ, НА ЕДНА МАСА 4 ЛУЃЕ, ТИВКА МУЗИКА, ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ НЕМА, ДОАЃААТ ЕСЕНСКИТЕ МЕСЕЦИ

Министерот за Здравство, Венко Филипче вели: На денешната седница ќе предложиме до Владата да се заб рани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти.
Работното време да се почитува, до 12 часот во работни денови и до 1 часот на полноќ за викенд.
Исто така, ќе предложиме да се намали дозволената гласност на музиката и да се ограничува до 55 децибели, да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4.
Го очекувавме ова. Го најавувавме тој зголемен притисок, што требаше да се јави во есенските месеци заради поголемата концентрација на луѓе веќе после завршување на годишните одмори. – Напиша министерот Филипче на својата фејсбук страница.
Тоа значи дека повеќе нема да има гостување на пејачи и ди-џеи во угостителските објекти.
Потсетуваме повторно дека дискотеките и ноќните клубови немаа, односно во ниту еден момент не добија дозвола за работа.
Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 децибели за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица, посочи Филипче

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.