Откако денес ги посети повредените од превртениот автобус министерот Венко Филипче изјави дека во текот на денот треба да се изврши хируршка интервенција на млада девојка која е хоспитализирана на КАРИЛ со тешка повреда на ногата.
– Се одлучува како ќе се продолжи третманот, ногата е згмечена и постои можност да и биде ампутирана. Конзилијум од доктри одлучува што ќе се прави, изјави Филипче.
Четворица од пациентите згрижени на скопските клиники се во тешка состојба, од кои двајца се вклучени на респираторни машини. Имаат повреди на главата, но во моментов, не е потребна хируршка интервенција. Другите повреди се на градниот кош и на стомакот. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се наоѓаат осум пациенти, од кои четворица се на Клиниката за анестезија, еден на Трауматологија, еден на Неврохирургија, трудницата е префрлена на Клиниката за гинекологија е во добра состојба, а еден пациебт е на Торакална хирургија.
Во ГОБ “8 Септември“ се наоѓаат уште 28 пациенти, од кои шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.