Филипче: Нема ништо лошо во францускиот предлог, напротив има сериозна победа на нашата дипломатија

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес конференција истакна дека францускиот предлог е сплет на комплексни документи во кои што влегува и преговарачка рамка, но и Договорот за добрососедство со Бугарија.

Според него, тука нема ништо лошо, туку напротив има сериозна победа на македонската дипломатија.

„Прво од билатерално, прашањето со Бугарија се издигнува на ниво на дискусија со ЕУ. Понатаму, самиот договорот за добрососедство по својот концепт на добри релации со соседите е нешто што влегува и во Копенхашките критериуми. Понатаму, сериозен успех на дипломатијата е тоа што за разлика од Србија, каде што релациите со Косово се во посебно поглавје, овој договор и почитувањето на договорот практично е само во општиот дел на преговарачката рамка“, вели Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи: