Обвинувањата испратени на адреса на министерот за здравство Венко Филипче кој според граѓаните не ја вакцинирал својата внука туку тоа било само обид за собирање на политички поени и во функција на кампањата за вакцинација на децата стануваат се погласни. Според граѓаните вакцинирањето е само за фотографирање, затоа што граѓаните веќе пронајдоа седум недопустливи грешки на фотографијата.
-Да се посмееме, доста се расправаме, напишаа тие.
Пронајди ги 7-те грешки на фотографијата:
1. Лицата не се во амбуланта, во канцаларија се
2. Сестрата не носи ракавици, а вакцинира бебе
3. Бебето нема 13 месеци за да прими МРП
4. МРП се прима во раче, а не во ноџе
5. Кога се вакцинира се вади зелената капачка од иглата
6. Бебе обично мајка носи на вакцинирање а не чичко
7. Ако е само за позирање фотката, ќе ги занемариме горните 6
Добра ноќ ваксери, антиваксери, максери, факсери – живи и здрави да сте ми, пишуваат граѓаните на Фејсбук.