Филипче: Славете го Св. Никола без традиционалните собири

Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти со ковид-19, но сите граѓани мора да помогнат на здравствениот систем и за време на славите и празниците да не се групираат.
Славете го Св. Никола без традиоционалните собири, апелираше Филипче на денешното обраќање по повод донацијата од еден милион денари за централен довод на кислород во модуларната болница во Кавадарци од Фондацијата „Никола Јанчев“.
„Апелирам, овој празник денеска да го прославиме не како што знаеме традиционално со собири. Да останеме сите дома, да помогнеме со негрупирање да се надмине и овој ризик во склоп на оваа криза. Верувам дека новите мерки ќе дадат уште подобри резултати. Се намалува бројот на пациентите којшто се примаат во болниците и верувам дека граѓаните со својата свест и совест сериозно ќе помогнат на здравствените работници“,
рече Филипче.


Филипче рече дека во Кавадарци подготовките за изградба на модуларна болница се во напредна фаза, со што треба да се обезбеди повеќе простор за лекување на болни од ковид-19 и да се растеретат останатите болнички одделенија.
Филипче вели лдека е обезбедена сума на средства како еднократна награда за сите кои работат со пациентите заболени од ковид-19. Таа ќе им биде доделена пред новогодишните празници во висина од 30 илјади денари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.