Филипче: 21 нови случаи на КОРОНА ВИРУСОТ, починаа 3 пациенти во последните 24 часа

Филипче: 21 нови случаи на КОРОНА ВИРУСОТ, починаа 3 пациенти во последните 24 часа

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти. Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на КОВИД-19 и тоа во: – Скопје 7 – Куманово 6 – Прилеп 4 – Тетово 1 – Пехчево 1 – Делчево 1 – Струга 1.

Денеска вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742. Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на КОВИД -19.

Две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци утврдено е дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 50 години,хоспитализиран на 6 април, а пациентот 17 дена бил на механичка вентилација. На клиниката за онкологија почина пациент на 51 година од Прилеп чиј позитивен резултат пристигнал вчера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.