Филип Петровски со предавање на Московскиот МГИМО за „проблемот Македонија“ (видео)
На неговиот веб сајт ФилипПетровски.мк тој вчера поставил предавање кое е одржано на престижниот Институт МГИМО во Москва. Од МГИМО руската дипломатија ги добива своите дипломати.
Предавањето е интересно од повеќе аспекти. Во него се предвидени промената на името и Уставот на РМ.
Петровски напишал: Во април 2017 одржав предавање на Московски МГИМО, (Moscow State Institute of International Relations) каде што зборував пред аудиториумот за Македонија и големите држави- помеѓу историја и современоста (Македония и великие державы. История и современность). Предлагам ова предавање да го погледате. И да потенцирам, ако имам можност ќе го повторам и во Вашингтон, Пекинг или пак во Ушуаија, без разлика. Тоа се моите тези.
Петровски оваа недела беше гостин и на Само Вистина:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.