Што ќе променам како претседател на ВМРО,
1. Ќе ги отворам вратите на сегашната палата, и ќе ја претворам пповторно во народен штаб на ВМРО (ренген детекторот ќе го извадам уште првиот ден, како и сефовите за мобилни телефони и секој спрат од штабот ќе биде достапен за секој член).
2. Еднаш во неделата ќе имам состаноци со секој општински комитет циркуларно.
3. Ќе иницирам статутарна измена за најмалку три подпретседатели.
4. Генералниот секретар нема да биде безгласна буква и тој нема да има функција во државната власт штом победиме на следните избори, се со цел да биде комплетно посветен на партијата.
А, во контекст на целосно демократизирање на партијата, ако претседателот на партијата одлучи да биде претседател на Владата, во сериозна внатрепартиска дебата би ја разгледал можноста во тој случај друг да ја води партијата, или обратно.
5. Во извршниот комитет би ја отворил вратата и за турците, србите, бошњаците и др..
6. Би гостувал во секој медиум и телевизиска дебата.
7. Во првата недела после конгресот ќе го повикам Зоран Заев или било кој од таа врхушка на ТВ дебата каде ќе посакаат и кога ќе посакаат.
8. Во извршниот комитет нема да има место за типови кои во младоста најголемо достигнување било да бидеш член на некоја ШКЊ рап група, профитери, лажни патриоти и амбициозни елитисти и бизнисмени.
9. Ќе основам стратешки институт за истражување и анализи за среден и долг рок за да не ни се случи пак Верушевски, ДЕСОРОСиграчки и војна со амбасади.
10. Лично ќе се заложам десет млади секоја година да бидат стипендирани од партијата и да бидат дел од младинските политички школи во Вашингтон, Лондон и Берлин со десна е републиканска провиненција.
11. Ќе ги укинам скапите и големи митинзи кои се застарена форма на комуникација, напротив вашите домови, дворови и улици ќе бидат моите митинзи... ова се само мал дел од моите визии, идеји и проекти за ВМРО повторно да биде ваша, наша и проевропска партија..
Со почит,
Д-р Филип Петровски,
Кандидат за претседател на ВМРО – ДПМНЕ