Раководството на калчолигашот Фиорентина се подготвува да му понуди нов договор на Адем Љајиќ, кој во последно време игра во голема форма.Како што наведуваат медиумите во Италија, спортскиот директор Даниеле Праде наскоро во наредниот период ќе се сретне со менаџерот на српскиот фудбалер, Фаљи Рамадани.Фиорентина посакува да го задржи Љајиќ, чии договор истекува во јуни 2014 година, до 2016 или 2017 година.Офанзивниот играч од редот за врска, во досегашниот дел од сезоната, за Фиорентина има одиграно 17 натпревари, на кои три пати бил стрелец, два од овие голови тој постигна во неделното дерби со Интер.Љајиќ во центарот на фудбалската јавност дојде откако тренерот Роси на натпревар му удри шлаканица, а потоа и откако беше избркан од српската репрезентација бидејќи не сакал да ја пее химната.
МакфаксРаководството на калчолигашот Фиорентина се подготвува да му понуди нов договор на Адем Љајиќ, кој во последно в