ФИФА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Кој го пушти арогантниот готвач да се турка со фудбалерите и да им го одземе трофејот?

Арогантниот готвач Нусрет Гокче предизвика револт кај вистинските фудбалски фанови откако излезе на теренот и ја вознемири репрезентацијата на Аргентина по освојувањето на Светското првенство во Катар.

Тој се туркаше со играчите, им го грабна трофејот од раце, а се изгледаше навистина бизарно бидејќи апсолутно никој не сакаше да го види на теренот.

„Поради ова, ФИФА е под силен напад од навивачите. Познато е дека првиот човек на федерацијата Џани Инфантино му дозволил да ги следи натпреварите, но се уште не е познато како Нусрет успеал да дојде на теренот.

ФИФА ОТВОРИ ПОСТАПКА: Кој го пушти арогантниот готвач да се турка со фудбалерите и да им го одземе трофејот?

Поради ова, Светската фудбалска федерација покрена внатрешна истрага и излезе со соопштение.

„Како еден од најпрепознатливите симболи на спортот во светот, оригиналниот трофеј на ФИФА може да го допрат само одредени луѓе, вклучително и поранешни победници и избрани

поединци“, се вели во соопштението на ФИФА кое продолжува:
„ФИФА истражува како одредени лица успеале да излезат на теренот по церемонијата на 18 декември. Ќе има истрага во организацијата“, се вели во пораката од чадорот на светскиот фудбал.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.