Фудбалскиот клуб Работнички изрази сочувство по веста дека синоќа македонскиот пејач Влатко Илиевски бил пронајден починат во автомобил.
Работнички, чиј верен фан беше младиот пејач, се огласи со последен поздрав за Влатко чие дело е и клупската химна на „романтичарите“.
-ФК Работнички изразува искрено жалење за прерано згаснатиот живот на нашиот верен фан и голем пријател на клубот, Влатко Илиевски. Тој секогаш ќе остане еден од нас, а навивачката клупска химна која е негово дело, ќе не потсетува на прекрасниот глас на Влатко. ФК Работнички искажува сочувство до семејството, најблиските роднини и пријатели и сочувстува со загубата, затоа што Влатко Илиевски беше „романтичар“ во душа. Почивај во мир, Влатко Илиевски, стои во соопштението од клубот.