Откако успеа советот на министерот за здравство Венко Филипче граѓаните да не умираат ако сакаат да се живи на прес конференција тајната на добриот живот ја откри и министерот за финансии Тевдовски.
„Би ги посоветувал граѓаните да не се толку сиромашни. Освен на нивната добробит нивната сиромаштија влијае и врз доброто на државата па така нивната сиромаштија не прави и нас како влада да изгледаме лошо“ посоветува тој.
По овој совет бројката на сиромашни од 455.000 опадна на околу 7000 илјади, луѓе кои не го следеле пресот.