Фобии кои можат да го уништат љубовниот живот

Секој човек има фобија од нешто. Секој човек има страв од одредени работи. Најпознатите фобии се ставот од висина, пајаци, затворени простории.
Но, постојат и многу необични стравови кај луѓето кои можат сериозно да влијаат на нивните односи со другите луѓе и да им го уништат љубовниот живот и шансата за вистинска љубов. Погледнете кои се тие:
Гамофобија
Гамофобија е страв од обврски, брак или врска.
Ануптафобија
Ова е сосема спротивно од претходната фобија, ова е страв од тоа да не се биде во врска, став да се биде сам. Тоа придонесува понекогаш да се одбере погрешна личност само за да не биде човек сам.


Архенфобија
Архенфобија е претеран, постојан и нерационален страв од мажи. Фобијата оди толку далеку што личноста којашто ја има фобијата не може ни да поднесе да биде во близина на маж.
Филемафобија
Филемафобија е екстремен страв од бакнување.
Киратофобија
Киратофобија е страв од допирање. Оваа фобија е екстремна и значи целосно избегнување на било каков допир со други луѓе.
Генофобија
Генофобија е физички или психолошки страв од интимни односи.
Филофобија
Филофобија е страв од заљубување. Не само што е страв од заљубување, туку е и страв од тоа некој да се заљуби во личноста којашто ја има оваа фобија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.