Фокус: Притворениците во затворот “Шутка” се во паника
Веќе објавивме дека притвореникот кој почина во притвор бил заразен со КОРОНА ВИРУС.
ИТНО: Притвореникот од Шутка што почина бил позитивен на КОРОНА
По изјавата денеска на Филипче завладеа паника во Шутка. Тие се обратиле до ФОКУС.
-Ве молиме помогнете. Во затворот има повеќемина заболени. Цимерите на починатиот се префрлени во други ќелии, ќе не заразат сите, ни пиша притвореник од затворот.
На нашето прашање, дали некој од останатите има симптоми, притвореникот вели:
“70% сме со температура и кашлање, никој не не прегледува. Покрај притворените има и осуденици на кои им остануваат 10, 20 или 30 дена до издржување на казната ама не ги пуштаат, вели нашиот соговорник.
Во текот на денот ни пишаа и други притвореници кои велат дека изразувале бунт со тоа што сите биле на нозе и тропале и кршеле по ќелиите, а за утре најавуваат и штрајк со глад.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.Наместо во самоизолација штипјанка била да си пазари во маркет