(ФОТО) Аладин, султани, гладијатори и самовили продефилираа на Струмичкиот карневал


Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат и во недела, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал

Вечерва во Струмица се одржа традиционалниот Струмички карневал. Во интернационалната карневалска поворка учествуваа околу 1 500 маскирани луѓе во 48 маски од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Грција, Бугарија и Македонија.

Фото: 360 Степени
Фото: Општина Струмица

На почетокот на карневалот, на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов му била врачена плакета и медал од Европската федерација на карневалските градови.

Фото: Општина Струмица

„Огромна гордост е да се биде градоначалник во моменти кога Струмичкиот карневал јубилејот 30 години членство во Федерацијата на европските карневалски градови. Се надевам дека некој друг градоначалник на 60-годишнината ќе ја има честа да го добие овој медал“,

изјавил Костадинов.

Фото: Општина Струмица

Жири-комисија ги оценува најдобрите карневалски креации, а публиката може и онлајн да гласа за една маска. За најдобрите маски во повеќе категории се предвидени парични награди.

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат и во недела, на празникот Прочка, кога се одржува традиционалниот Детски карневал.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: