ДпШне се врати на власт за да го дотепа навивањето во Македонија, таму каде што запре во 2014. Тие години претпревме ќотеци на секој втор натпревар кривични, шок бомби, пучови на трибина од нивни луѓе, дежурни виновници во секоја ситуација, додека од другата страна на Вардар А не смее да кажат.
Групата повторно се крена, без мешање на никого, оставени сами на себе водевме и клуб и навивачка група и од 0 повторно изградивме група за респект. Колку натпревари видовме минативе години, ниту еднаш ниту се пуштила полиција да реагира, ниту ЕБР се позиционирале до нас на трибина, ниту на гостувања сме имале проблеми.
Се вратија патриотите, па се вратија комплексите на дело за да сакаат да бидат главни во се. Додека минатата недела уживаа како им се пее МРТОВ КАУР, ДОБАР КАУР, денес во прва прилика патриотската полиција и искомплексираните поттрчковци ги кренаа пендреците врз своите млади сонардоници. И после немало млади во државава, немало навивање, немало бунтови.
А да не зборуваме КАКО ГО “СПАСИЈА” ВАРДАР.
Ни го напикаа козарот и анти-Вардарецот што цел живот пишуваше анти Вардар во неговиот весник Македонски спорт за да го спасат клубот.
Ако имате доблест, барем малку патриотско во себе, признајте си ја грешката, избркајте ги овие коњушари и оставете вистински вардарци да го водат клубот, затоа што Комити нема по стоти пат да го спасуваат од распад.
Време за нови играчи нема, а и играчите не се главни виновници во ситуацијава, туку тој што ги донел и што направи атмосферата во клубот да биде црнила. Освен ако идејата не беше да се распадне клубот и да се уништи најпатриотското движење на македонците во Скопје.
Угледајте се на околните држави, како се водат најсилните екипи. Секоја година се тресеме дали котизација ќе платиме, се изживуваат со нас екипи што собраа играчи од плажине летово. Еднаш не направивме рескептибилна екипа за во Европа, дури и во тие години кога бевме јаки, мораше политиката да се меша на сите нивоа.