Познатиот американски актер и режисер Мел Гибсон пристигна во Сараево, а веднаш по неговото пристигнување отиде на познато место – во популарен ресторан за ќебапи со врвен квалитет.
Ресторанот се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде сподели фотографија со Мел Гибсон и работниците, а во описот ја откри и причината за посетата.
„Во друштво на најголемата фаца на Холивуд. Преговори за снимање на акционен сет со нас, а Сејо игра споредна улога. Ние останатите сме сепак статисти и акробати“, напишале тие во описот на фотографијата.
Актерот дошол во ресторанот сосема лежерно облечен во црна тренерка, а вниманието го привлекле неговата запуштена коса и брада.
Затоа на прв поглед изгледал целосно непрепознатливо, па некои не ни веруваат дека тоа е тој, но сопругата на Сеја Брајловиќ во коментарите потврди дека навистина се работи за актерот.
Пронајдете не на следниве мрежи: