ФОТО ЗА МЕДАЛ: Три спортски великани на едно место во Париз!

Најдобрите македонски судии, но и едни од најдобрите на светот Славе Николов и Ѓорѓи Начевски се дел од ракометниот турнир на Олимписките игри.

Тие го искористија слободното време меѓу двете кола во групната фаза за да гледаат одбојка, а го следеа мечот меѓу Франција и Србија. На трибините во Париз Николов и Начевски се сретнаа со најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Балканската врска“ проработе, па тие се фотографираа заедно и си направија момент за добри спомени. Оваа фотографија на едно место собра три спортски великани. Ѓоковиќ е еден од најдобрите (веројатно и најдобриот) тенисер во историјата, а Николов и Начевски се во „кремот“ на светскиот ракомет долги години.

Пронајдете не на следниве мрежи: