Британската принцеза Кејт Мидлтон вчера на социјалните мрежи објави фотографија и најави дека се чувствува подобро, но дека хемотерапијата и понатаму ѝ е обврска, иако ќе се обиде да присуствува на прославата за роденденот на Кралот Чарлс Трети.
Принцезата е фотографирана во автомобил како пристигнува во Бакингемската палата за да го прослави роденденот на кралот Чарлс, објави Дејли Мејл.
Денеска е официјален роденден на кралот Чарлс во Велика Британија, а повеќе од 1.400 војници, 400 музичари и 200 коњи ќе учествуваат на парадата „Trooping the Color“ што по тој повод ќе се одржи во Лондон.
Кралското семејство ќе се собере на балконот на Бакингемската палата над која ќе прелетаат повеќе од 30 воени авиони, пишува Мирор.
Стотици полицајци беа распоредени на улиците за безбедност на насобраните.