(Фото) Километарска колона на Табановце

Видео-надзорот на македонските гранични премини покажува дека моментално има километарска колона на граничниот премин Табановце.

Од АМСМ информираат дека на граничните премини Табановце и Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини. Од македонска страна, нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи: