МЛАДА РУСИНКА БРУТАЛНО ПРЕТЕПАНА ВО СРБИЈА – 19-годишната девојка објави се на Инстаграм: Немам како да ја напуштам земјата

М.С. (29 г.) од Косјериќ, населба во областа Златибор во југозападна Србија, е осомничен за физичко насилство врз 19-годишна девојка со иницијали А.Р. од Русија. Како што дознава Blic.rs, 29-годишниот човек пијан ја нападнал и по него била распишана потерница.

Според засега неофицијални информации, М.С. нападнал девојка утрото на 4. декември во изнајмен стан.

(Видео) Мециновиќ: Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот
Интервенцијата на Левица во Европската комисија носи стотици милиони во Буџетот, велат од политичката партија Левица.– „Интересна ситуација, во еден ден добивме закон во скратена постапка за реформа на даноци. Во ист …
Албанија сѐ повеќе вложува во вооружување на армијата
Албанското министерство за одбрана се повеќе инвестира и во оружје, покрај значителното зголемување на платите на припадниците на вооружените сили, јавија албанските медиуми.Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека човечкиот капитал и …

Таа, пак, кога дала изјава во полиција, не го знаела презимето на осомничениот, а дала и погрешна адреса каде наводно живееле.

Но, насилникот набрзо бил идентификуван, а откриена е и спорната адреса на живеење.

„По него е распишана потерница. На адресата биле неколку полициски патроли и инспектори, но никој не им ја отворил вратата од станот“, вели извор запознаен со истрагата за Blic.rs

Осомничениот наводно нема легално оружје и претходно не бил пријавен за насилство.

Нападнатата девојка на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографии од повредите – кој се крајно вознемирувачки.

„Ова го направи моето поранешно момче. Ми ги фрли пасошот и изводот од книгата на родените. Ме малтретираше и тепаше, ми се закануваше. Тој ми ги зеде сите заштеди. Ми скрши два мобилни телефони. Ме остави без работа и буквално се. И немам шанси да ја напуштам државата Србија. Никогаш нема да ти простам за ова“, напиша Русинката на социјалната мрежа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.