Фото: Монахот-чудо кој умрел во 1927 година, а сè уште е жив

Телото на монахот Хамбо Лама Итигелов не се распаѓа и покрај тоа што поминале 85 години од неговата смрт. Стручните лица тврдат дека поради тоа што смртта настапила за време на медитација, Итигелов не отишол на оној свет, туку тој сè уште е во некоја друга состојба.
Будистичкиот монах Итигелов од сибирската република Бурјатија, преставува една од најголемите светски мистерии, поради тоа што неговото тело, после смртта во 1927 не започнало да се распаѓа. Неговите зглобови сè уште се виткаат, меките ткива под притисок се вдлабнуваат како кај живиот човек, а неговоте тело ги има сите карактеристики како да умрел пред 36 часа.

Кога во септември 2002 година во местото Хухе-Зурхен, е отворен дрвениот саркофаг со неговите посмртни остатоци, во присуство на научници и будистички свештеници, се заклучило дека телото е недопрено од времето и дека сè уште се наоѓа во истата “лотос” позиција, во која и починал при медитација.
Инаку, Итигелов оставил аманет, неговото тело да се ексхумира, а тоа било извршено во три наврати – 1955, 1972 и во 2002 година. Сите три пати било заклучено дека неговото тело нема никакви знаци на трулење.
Лама Итигелов додека бил жив го постигнал нивото на легенда, бил лидер на будистите од источниот Сибир од 1911 до 1917 година и се прославил како филозоф и лекар, а се зборело и дека можел да оди по вода како Исус.

Најмистериозна е неговата смрт во 1927 година кога Лама опкружен со неговите ученици им рекол дека откако ќе умре, по одредено време да го извадат од гроб, со ветување дека ќе се врати. После тој говор, ја завземал “лотос” позицијата и потонал во медитација.
Телото на Итигелов сега се наоѓа во Иволгинскиот манастир, во местото Улан-Уде, блиску до границата со Монголија и преставува вистинска реликвија. Централната духовна управа на будистите во Русија донела одлука да се направат сите напори за и понатаму да се чува оваа реликвија во најдобри можни услови.

Научниците кои се занимаваат со феноменот на зачувување на телото после смртта, кој е многу познат во медицината и науката, секогаш е резултат или на одредена обработка на телото (балсамирање) или зачувување во изолирани услови, но при контакт на телото со кислород, ткивата веднаш започнуваат да се распаѓаат. На телото на Итиганов не биле откриени никакви знаци ниту докази за балсамирање.
“Јасно е дека Итигелов не е жив, зошто неможе да стане и да оди, но преминувањето на оној свет во состојба на медитација, очигледно нешто променило. Резултатите од испитувањето на неговото тело, наведуваат на претпоставката дека Лама Итигелов со помош на медитација се довел себе си во состојба на анабиоза (состојба кај некој одредени организми кога се под стрес). Инфрацрвената спектроскопија покажала дека протеините во неговите клетки, покажуваат особини на живи организми” – објаснила докторката по историски науки Гаљина Јершова.
извор: mkd-news.mkТелото на монахот Хамбо Лама Итигелов не се распаѓа и покрај тоа што поминале 85 години од неговата смрт. Стручните ли

Пронајдете не на следниве мрежи: