Од транспортно возило, улиците во Прилеп се послани со бела прашкаста материја – информираат од ЈКП “Koмуналец” Прилеп.
-Непознато транспортно возило со движење од излезот на патот за Маркова чешма, по улиците,, Александар Македонски”, “Димо Наредникот” и дел од булеварот ,, Гоце Делчев”, по целата траса на движење истурал бела прашкаста материја во поголеми количини. Од страна на ЈКП,, Комуналец”, е поднесена Пријава за непознат сторител до Инспекторатот при ЛС, кој веќе е на терен да ги утврди причините и сторителот. Граѓаните кои телефонски звонат во ,, Комуналец” и реагираат на прашината да ги информираме дека цистерните се полнат со техничка вода и во секој момент ќе бидат на терен, а во текот на денешниот ден ќе бидат измиени улиците – напишаа од јавното претпријатие на Фејсбук.
https://www.facebook.com/komunalecprilep/posts/848399313990955?ref=embed_post